Пад на цените на нафтата

61

Цените на нафтата се намалија на 56 долари на меѓународните пазари бидејќи трговците се загрижени поради забрзаното ширење на пандемијата, што го стави во втор план неочекувано големиот пад на залихите во САД.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се намали за 34 центи и изнесува 56,24 долари иако накратко се искачи на 57,42 долари.

На американскиот пазар барел се тргуваше по 53,05 долари или цена пониска за 16 центи. За кратко неговата цена се зголеми на 53,93 долари.

Падот на цените е и поради информацијата од Американскиот институт за нафта за намалување на залихите на сировата нафта за 5,8 милиони барели.

Фото: Freepik