Цените на нафтата се намалија на 65 долари бидејќи трговците се загрижени за наглиот пораст на бројот на заразени во Индија, што би влијаел во побарувачката за гориво, имајќи предвид дека земјата е трет најголем увозник во светот.
На лондонскиот пазар, цената на барел се намали за 1,09 долари и достигна 65,09 долари, додека на американскиот пазар се тргуваше со цена пониска за 90 центи или по 61,24 долари за барел.
Трговците внимателно ја следат состојбата во Индија, којашто петти ден по ред бележи рекорден број на заразени со коронавирусот и повеќе земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија и САД, најавија итна медицинска помош за да помогнат во ублажување на кризата.
Фото: Pexels