Пад на цените на нафтата

35

Цените на нафтата на светските пазари се спуштија од највисокото ниво во последните 2,5 години поради раст на бројот на заразени со коронавирусот во Азија, што резултираше со воведување или продолжување на рестриктивните мерки за движење во некои земји.

На лондонскиот пазар барел нафтa поевтини за 20 центи на 75,98 долари. Со тоа е запрен нејзиниот понатамошен раст, откако во петокот достигна вредност од 76,6 долари за барел, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по цена за 10 центи пониска или 73,95 долари.

Цени на нафтата расте пет недели по ред, бидејќи се зголемуваше побарувачката за гориво во земјите што закрепнуваат од пандемијата, како и поради зголемениот број на патувања во текот на летната сезона.

Во исто време, залихите на сирова нафта се намалија откако Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, позната како ОРЕС+ и понатаму го одржува договореното намалено производство.

Фото: Pexels