Пад на девизните резерви за 15,8 милиони евра во мај

14

evra5

Вкупните девизни на крајот на мај беа на ниво од 2.328.500.000 евра, што е намалување од 15,8 милиони денари во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, чие салдо заклучно со 31.05. оваа година е 1.837.100.000 евра. Еден месец претходно вкупните хартии од вредност беа на ниво од 1.862.200.000 евра, додека на крајот на мај 2014 имаа вредност од 1.569.800.000 евра.

Македонија на крајот на мај располагаше со монетарно злато во висина од 238.700.000 евра, што е намалување од 500.000 евра во однос на претходниот месец. На крајот на мај минатата година, монетарното злато имаше вредност од 201.100.000 евра.

Кај валутите и депозитите во мај оваа година во однос на претходниот месец е забалежан пад од 9,9 милиони евра. Податоците на НБРМ покажуваат дека заклучно со 31.05. на ова салдо има 247.900.000 евра, додека еден месец претходно 238.000.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.