Пад на економијата на ЕУ во последниот квартал од 2020 година за 2,7 %

33

Економијата во еврозоната ќе се намали за 2,7 % во четвртиот квартал на 2020 година во споредба со претходниот квартал, покажува студијата спроведена заедно од германскиот економски институт ИФО, швајцарскиот КОФ и италијанскиот институт за статистика ИСТАТ.

“По наглото закрепнување во третиот квартал, економската активност повторно ќе се намали во четвртиот квартал поради воведувањето на нови ограничувачки мерки“, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ИСТАТ.

Студијата проценува дека економијата во еврозоната годинава треба да се намали за 7,3 %.

Бруто домашниот производ во еврозоната се намали во вториот квартал за 11,7 % во споредба со претходните три месеци, додека во периодот од јули до септември скокна за 12,5 %, се наведува во студијата и се истакнува дека главниот мотор закрепнувањето беше зголемена потрошувачка на домаќинствата.

За првиот квартал од 2021 година, ИСТАТ, ИФО и КОФ предвидуваат скромен раст од 0,7 % во споредба со последните три месеци од оваа година, но во вториот квартал од следната година, растот на економските активности треба да се забрза до 3%.

Фото: Pixabay