Пад на европските берзи: Скапата нафта и гасот од 77 евра ги загрижија инвеститорите

Цените на европскиот природен гас денес се движат околу 77 евра за мегават-час, додека суровата нафта од типот Брент се искачи на повеќе од 99 долари за барел, а европските берзански индекси се претежно во пад.

Европските фјучерси за природен гас за испорака во октомври на пазарот TTF во Амстердам денес се движеа околу 76,8 евра за мегават-час, додека дневната промена беше малку негативна, околу -1,3 проценти.

На европските берзи, германскиот берзански индекс DAX забележа пад од 0,39 проценти и се наоѓа на 25.890,77 поени, додека британскиот FTSE 100 изгуби 0,28 проценти, на 10.783,09 поени.

Францускиот CAC 40 падна за 0,61 процент, на 8.265,15 поени.

Вредноста на еврото во однос на доларот на девизниот пазар е 1,1619 долари.

Златото беше на 4.445,41 долари за тројанска унца, што е намалување од 0,16 проценти во текот на денот, според податоците за фјучерси на Investing.com.

Пченицата се тргуваше по 749 центи за бушел, што е зголемување од 0,27 проценти во текот на денот.