Пад на градежните активности во ЕУ и еврозоната

23

Активностите во градежниот сектор во земјите членки на Европската унија и во еврозоната се намалени во февруари и на месечно и на годишно ниво, покажуваат податоците на Eurostat.

На ниво на ЕУ, сезонски прилагодените градежни активности во февруари се намалени за 1,6% во однос на јануари, каде што според ревидираните податоци на Eurostat имаат пораст од 1%.

Во еврозоната, градежните активности се намалија во февруари во однос на јануари за 2,1%.

Меѓу земјите членки на ЕУ, за коишто има достапни податоци, најголем пад градежните активности имала Унгарија со 11,7%, по што следат: Полска (-6,9%), Франција и Словачка (по -6%).

Раст на градежните активности во февруари имаа: Шведска (9,2%), Австрија (8,8%), Романија (2,3%) и Бугарија (0,2%).

Фото: Pexels