Пад на индустриското производство во 14 земји во ЕУ

13

industrija-pexels

Фото: Pexels

Падот на индустриското производство во еврозоната и Европската унија успори во ноември, покажуваат податоците на Евростат.

Производството во ноември се намалило за 0,3% и во еврозоната и во ЕУ во однос на претхосниот месец кога се намали за 1%, односно за 0,8%, покажуваат податоците на Евростат. Во споредба со истиот период во 2011 година, индустриското производство во ноември било помало за 3,7% во еврозоната, а 3,3% во ЕУ.

Меѓу земјите членки за кои има податоци, индустриското производство на месечно ниво е намалено во 14 земји, а зголемено во седум. Најголем пад е забележан во Словенија, за 4%, во Португалија за 3,4% и Шпанија за 2,5%. Најизразен раст е забележан во Естонија од 4,7%, па во Латвија и Холандија од 1%.

На годишно ниво, меѓу членките на ЕУ, индустриското производство опаднало во 16 земји, а се зголемило во пет. Најизразено е намалувањето во Италија од 7,6%, Шпанија од 7,2% и Ирска за 6,6%.

Најизразен раст е забележан во Литванија од 8,9%, Естонија 6,5% и Малта 6,1%, покажуваат податоците на Евростат.