Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2012 година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 6,7%. Според податоците на Државниот завод за статистика, минатиот месец забележан е пад на индустриското производство за 4,6% во однос на октомври месец 2011.
Споредено по сектори, индустриското производство во рударството бележи опаѓање за 13,7%, во преработувачка индустрија од 1%, додека во енергетските сектори производството опаднало за 26,8%.
Производството во октомври 2012 година, во однос на октомври минатата година, бележи опаѓање кај енергија за 36,0%, кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5%.
Од друга страна пак, кај интермедијарни производи, (освен енергија) се бележи пораст од 1,1%, пораст е забележан и кај капитални производи од 28,7% и кај трајни производи за широка потрошувачка за 13,3%.
Ова е веќе 14 ти месец со ред на опаѓање на индустриското производство.