Пад на извозот и увозот на ЕУ во јануари

25

Извозот и увозот во Европа, во текот на јануари оваа година, бележат пад поради ограничувањата што владите повторно ги воведоа со цел да се сузбие ширењето на пандемијата.

Извозот на производи од ЕУ во првиот месец од оваа година се намали за 11% во споредба со јануари 2020 година и тоа за 148,3 милијарди евра. Во декември лани, беше регистриран пораст за 1,5%.

Според официјалните податоци, увозот на почетокот на годината е намален за 17% на 139,9 милијарди долари, а во декември лани имаше пад од 3,6%.

Кина на почетокот на годината ја потврди позицијата на најголем трговски партнер на ЕУ со раст од 6,6% на извозот и 3,8% пад на увозот.

Производителите на енергија во ЕУ во јануари бележат најголем пад на извозот и тоа за 31% во однос на истиот приод лани. Голем пад има и на извозот на постројки и возила и тоа за 12,4%.

Фото: Pexels