Пад на нефункционалните кредити на фирмите и на граѓаните! 

Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на компаниите и на граѓаните во првиот економски квартал се намали за 0,2 процентни поени со што се достигнаа историски минимални 2,5% учество во вкупната кредитна изложеност кон нефинансискиот сектор. На крајот од првото економско полугодие кредитите на корпоративниот скетор достигнаа годишен растечки пик од 16%. 

Солвентноста на банкарскиот систем и натаму е стабилна и на задоволително ниво. Во првиот квартал од 2025 година, стапката на адекватност на капиталот минимално се намали, за 0,1 процентен поен, до нивото од 18,8%” – ова се нотира во новиот извештај на Народната банка за стабилноста на банкaрскиот сектор во земјава. 

Она што е значајно на пресекот од првата половина од годинава е подобрувањето на кредитното портфолио на должниците, и на фирмите и на граѓаните.  

Вкупните нефункционални кредити на нефинансискиот сектор се намалија во првото тримесечје, за 3,9%, како кај претпријатијата за 2,8 %, така и кај домаќинствата за 5,2%. Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на нефинансиските субјекти се подобри, за 0,2 процентни поени, достигнувајќи историски минимални 2,5%” – наведуваат од НБМ и нотираат дека продолжува трендот на позначаен пад на нефункционалните кредити на претпријатијата.

“Во кредитното портфолио составено од претпријатијата, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се спушти до нов историски минимум, од 2,7%, додека кај домаќинствата, ова учество минимално се намали до 2,4% ” – се вели во извештајот  од НБМ. 

Заклучно со првото економско полугодие, вкупните кредити на ниво на целиот банакрски сектор се зголемени за 1,6% на месечно и 13,0% на годишно ниво. 

                              Вкупни кредити 

                                                    Износ                             Годишен раст 

Домаќинства                           4 270 000 000 евра                  +16,0% 

Корпортаивен сектор              4 184 000 000 евра                  +10,3% 

Извор: НБМ 

Кредитите на компаниите со растечки “пик”  за 16% ! 

“Месечната и годишната промена кај кредитите на корпоративниот сектор во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута” – се нотира во извештајот на Народната банка.  Анализата на податоците покажува дека “моторот” на  вкупниот раст на кредитите се оние за корпоративниот сектор. Конкретоно, увидот на податоците покажува дека во јуни е достигнат историски пик на годишен пораст на кредитите за компаниите за дури 16% со што апсолутниот износ на кредитната задолженост достигна 4,18 милијарди евра. 

Домаќинства пак на крајот од јуни по основ на кредити должеле 4,27 милиони евра, со пораст од 10,3% на годишно ниво. Вкупната кредитна здолженост на корпоративниот сектор и на домаќинствата на крајот од првото економско полугодие изнесува 8 495 333 400 евра.