Пад на приходите од рускиот гас и нафта за 47 отсто

66

Приходите на Русија од нафта и гас паднаа за 47 отсто во првата половина на 2023 година во споредба со претходната година, покажуваат најновите официјални податоци објавени во петокот.

Според извештајот на Министерството за финансии, падот е поврзан со пониските цени на нафтата и гасот и намалувањето на извозот на природен гас, јавува Anadolu Agency.

„Месечната динамика на приходите од нафта и гас постепено се движи кон патека што одговара на нивното основно ниво (осум трилиони рубљи годишно)“, објави Министерството.

Во декември, САД, ЕУ, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија воведоа плафон од 60 долари за барел на пратките на руска нафта преку море, а во февруари границата беше продолжена и на нафтените деривати.