Пад на прометот во индустријата во октомври

36

Според Државниот завод за статистика прометот во македонската индустрија во октомври 2012 година, во однос на истиот месец минатата година бележи намалување од 20.9%.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во месец октомври бележи опаѓање на годишно ниво од 25.8%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 17.5%.

Споредено по сектори кај прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен забележан е пораст од 50.9%, а во секторот Преработувачка индустрија е забележано опаѓање од 24.3%.

Според главните индустриски групи, прометот бележи опаѓање кај Енергија за 98.1%, Интермедијарни производи, (освен енергија) за 3.4%, Капитални производи за 4.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%.

Индексот на прометот во индустријата во октомври, во однос на септември бележи пораст од 5.4%, додека во периодот јануари-октомври 2012 година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање 14.6%.