Пад на странските директни инвестиции во Турција за 23% годинава

21

Во Турција се слеале 570 милиони долари странски директни инвестиции (СДИ) во април, што е намалување од 911 милиони долари во споредба со април минатата година, според податоците објавени од Министерството за економија, пишува Хуријет.

Странските инвестиции во Турција во првите четири месеци од 2015 година достигнаа четири милијарди долари, што е за 23% помалку во споредба со истиот период лани, кога беа 5,2 милијарди долари.

Во периодот јануари – април најмногу странски директни инвестиции влегле во енергетскиот сектор, преку 1,1 милијарда долари.

Според податоците, најголем процент од капиталот доаѓа од Европската унија, 42%, а 29% се инвестиции од азиските земји, како Кина и Јужна Кореја.