
На Волстрит цените на акциите паднаа вчера, по силен раст минатата недела, бидејќи инвеститорите не се сигурни дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки.
Dow Jones загуби 0,56 отсто, на 34.641 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,42 отсто, на 4.496 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,08 отсто, на 14.020 поени.
По празникот во понеделник, новата работна недела на најголемата светска берза започна со пад на цените на акциите.
Минатата недела берзанските индекси силно пораснаа бидејќи инвеститорите заклучија дека ФЕД нема дополнително да ги зголемува каматните стапки, имајќи предвид дека американската економија и пазарот на труд „се ладат“.
Се верува дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки во септември
Сепак, по продолжениот викенд, ентузијазмот исчезна. Додуша, сè уште се верува дека ФЕД нема дополнително да ги зголеми каматните стапки во септември, но не е сигурно дека тоа нема да го сторат во наредните месеци.
Имено, економијата покажува значителна отпорност, а цените на нафтата, кои се еден од главните двигатели на инфлацијата, значително се зголемуваат во последните недели.
И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,20 отсто, на 7.437 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,34 отсто, на 15.771 поен, а париски CAC за 0,34 отсто, на 7.254 поени.