Пад на Волстрит од рекордните нивоа

18

На Волстрит во четвртокот, берзанските индекси се лизнаа од рекордно ниво, бидејќи инвеститорите анализираа колку силниот раст на цените на акциите во последните денови е одржлив.

Dow Jones загуби 0,10 отсто, на 39.869 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,21 отсто, на 5.297 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,26 отсто, на 16.698 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување цените на акциите дополнително пораснаа, по силниот раст од претходниот ден, па така Dow Jones за прв пат во историјата се проби над нивото од 40.000 поени.

Подоцна, пак, сите најважни индекси се лизнаа од рекордните нивоа што ги достигнаа претходниот ден по објавувањето на податоците што укажуваа на благо намалување на инфлациските притисоци во април во САД.

По овие податоци, шпекулациите дека американската централна банка двапати ќе ги намали каматните стапки во втората половина од годината, во септември и декември, за по 0,25 процентни поени.

Сепак, прашање е колку е ова добра вест, со оглед на тоа што на почетокот на годината се шпекулираше дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки најмалку пет пати оваа година, за вкупно 1,5 процентни поени.