На Волстрит, цените на акциите паднаа вчера, бидејќи инвеститорите претпазливи од ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток ги намалија S&P 500 и Dow Jones од рекордно ниво.
Dow Jones загуби 0,41 отсто, на 42.156 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,93 отсто, на 5.708 поени, а Nasdaq загуби 1,53 отсто, на 17.910 поени.
Падот на индексот е последица на претпазливоста на инвеститорите поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Иран истрела проектили, Израел најави одговор
Иран синоќа истрела низа балистички ракети кон Израел како одмазда за кампањата на Израел против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан, а Израел соопшти дека ќе возврати на Иран.
Американскиот претседател Џо Бајден, од друга страна, ѝ нареди на американската војска да му помогне на Израел да се одбрани од иранските напади и да ги собори ракетите насочени кон Израел.
Пораснаа цените на акциите на производителите на оружје
Во повеќето сектори цените на акциите вчера паднаа, но поради растот на нафтата значително порасна енергетскиот сектор. Така, цената на акцијата на Exxon Mobil скокна за 2,3 отсто.
Цените на акциите на производителите на оружје, како Нортроп Груман и Локхид Мартин, исто така пораснаа за повеќе од 3 отсто.
На повеќето европски берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,48 отсто, на 8276 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,58 отсто, на 19.213 поени, а париски CAC 0,81 отсто, на 7574 поени.