Пад на вработеноста во Германија после 14 години

36

Изминатата година ја одбележа пандемијата и мерките за ограничување на движењето го зема данокот и бројот на работни места во Германија.

Освен изгубена работа, скоро два милиони луѓе се на таканаречено скратено работно време и постојано живеат во неизвесност.

Во текот на минатата година, во Германија годишниот просек на бројот на вработени бил 44,8 милиони, што значи дека имало 477.000 помалку вработени одошто во 2019 година, што е пад од 1,1%, анализира Дојче Веле.

“Во текот на корона кризата е окончан растот на вработеноста што траеше 14 години, дури и во текот на глобалната економска и финансиска криза во 2008-ма и и 2009-та година“, покажува германската статистика.

Најголем пад на бројот на вработени има во услужниот сектор, во којшто влегува трговија, превоз и угостителство.

Во текот на минатата година најчесто згаснувале работни места коишто не биле со договор за постојано вработување. Работните места на неодредено време останаа зачувани бидејќи компаниите масовно поднесуваа барања за државна поддршка.

Според податоците, бројот на луѓе кои работат со скратено работно време во декември бил 1,95 милиони, додека еден месец претходно изнесувал 1,98 милиони лица.

Во угостителството во декември 414.000 лица биле пријавени со скратено работно време во Германија, додека во ноември со таков статус биле 374.000 лица.

Фото: Freepik