Пад на вредноста на аквизициите на глобално ниво

20

Вредноста на спојувањата и аквизициите (Mergers and acquisitions) на глобално ниво бележи пад во текот на третиот квартал од оваа година од 16%, достигнувајќи 729 милијарди долари.

Според податоците, станува збор за најнизок обем на трансакции од 2016 година, што е последица од зголемената економска неизвесност што ја намали желбата на компаниите да преземаат ризик.

Обемот на спојувањата и аквизициите во САД, во текот на третиот квартал, на годишно ниво, е намален за 40% и достигна 246 милијарди долари. На азискиот континент има пад од 20% на годишно ниво, по што преземањата имаа вредност од 160 милијарди долари. Единствено Европа бележи раст на спојувањата и аквизициите во третиот квартал од оваа година и тоа за 45%, со што вредноста на трансакциите е околу 249 милијарди долари.

Фото: Pixabay