Пад на залихите во САД ја подигна цената на нафтата

11

Цените на нафтата на меѓународните пазари се над 74 долари, поттикнати од зголемената побарувачка, ублажените рестриктивни мерки и пад на залихите во САД.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта порасна за 32 центи на 74,31 долари, додека на американскиот пазар се тргуваше со цена повисока за 28 центи на 72,40 долари.

Во фокус на пазарот бил податокот на Американскиот институт за нафта дека американските залихи на сировата нафта во текот на минатата недела се намалени за 8,5 милиони барели, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Падот на залихите го сигнализира закрепнувањето на побарувачката за енергенси на почетокот на летната сезона во САД паралелно со ублажување на епидемиолошките мерки.

Фото: Freepik