Падна цената на акциите на Astra Zeneca

56

Акциите на фармацевтската компанија Astra Zeneca паднаа за 6% откако компанијата го прекина тестирањето за вакцината за коронавирус.

Конечното клиничко испитување на вакцината што ја развиваат Универзитетот Оксфорд и Аstra Zeneca беше прекинато откако еден од учесниците во тестирањето се појавила повратна реакција. AstraZeneca го опиша ова како “рутинска пауза поради необјаснета болест“.

Вакцината на Оксфорд важи за една од најнапредните меѓу десетици вакцини што моментално се развиваат низ светот. Постојат големи надежи дека таа ќе биде една од првите што ќе се појави на пазарот откако успешно ги поминала првата и втората фаза од тестирањето.

Фото: Freepik