Оксфорд го стопира развојот на вакцина против Ковид-19, се разболе еден од волонтерите

74

Завршното клиничко тестирање на можната вакцина против Ковид-19 што ја развиваат Универзитетот Оксфорд и фармацевтската компанија AstraZeneca привремено е прекинато откако кај еден учесник во Велика Британија се појавила повратна реакција. AstraZeneca го опиша ова како “рутинска пауза поради необјаснета болест“.

Вакцината на Оксфорд важи за една од најнапредните меѓу десетици вакцини што моментално се развиваат низ светот. Постојат големи надежи дека таа ќе биде една од првите што ќе се појави на пазарот откако успешно ги поминала првата и втората фаза од тестирањето.

Засега не е познато каква повратна реакција развил учесникот во тестирањето, но се очекува да заздрави.

Третата фаза е стопирана на сите локации во САД, Велика Британија, Бразил и Јужна Африка каде што се врши тестирањето.

Фото: Freepik