Падна цената на златото

124

Денеска европските берзански индекси се нерамномерни, американските индекси се во пораст, додека на берзите истовремено паднаа цените на нафтата, златото и пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 19.617,25 поени, московскиот MOEX на 2.773,64 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.283,34 поени, а францускиот CAC 40 на 7.598,8 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 43.065,22 поени, индексот S&P 500 на 5.859,85 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.502,69 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 71.013 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.617 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39.700 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2649,15 долари за унца, а на пченицата на 5,7894 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08874, што е за приближно 0,20 отсто помалку од понеделникот.