Падна круната: Tesla Model Y од прво падна на 18 место во Европа

421

Моделот Y на Tesla влезе во историјата во 2023 година кога стана првото електрично возило со најголема продажба во Европа.

Меѓутоа, сега ситуацијата е далеку од бајка – новите бројки покажуваат дека Model Y падна од првото место на листата на најпродавани во мај 2023 година, на 18-то место една година подоцна, односно сега.

Продажбата на Model Y падна за 49% на 10.582 возила, објави Dataforce. Купувачите ширум континентот се оладија од идејата за електрични возила, а не помогна ниту отстранувањето на владините субвенции заедно со штрајкот на пристанишните работници во Шведска, што влијаеше на испораките на Тесла.

Несреќата на Tesla е причина за славење во VW, кој имаше два автомобили на врвот во мај – додека кросоверот T-Roc е најпродаваниот, на второ место е Golf 8, кој бележи големо враќање.

На трето место е Dacia Sandero, модел кој минатата година беше на второто место според продажбата (зад Model Y), а моментално е во водство на европскиот пазар по вкупно пет месеци продажба.

Податоците сè уште се во завршна фаза на обработка, а Automotive News Europe смета дека Golf би можел да биде победник во мај пред T-Roc. Според привремените податоци, продажбата на T-Roc е 19.748 единици, Golf 19.333, а Sander 18.676 возила.