Паднаа цената на златото и пченицата

16

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а истовремено паднаа и цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.329,87 поени, францускиот CAC 40 на 8.144,96 поени, московскиот MOEX на 3.383,69 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.912,71 поени.

Нафтениот картел ОПЕК плус ќе одржи состанок во текот на денот, а пет анонимни извори на агенцијата Ројтерс објавија дека нема да има значителни промени на досегашните одлуки за производство на нафта.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 39.170,24 поени, индексот S&P 500 на 5.205,81 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.240,45 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 85.199 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 88.995 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 26.170 евра за мегават час.

Цената на златото падна на 2.278,95 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4442 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07676, што е приближно исто како во вторникот.