Паднаа цените на нафтата

96

Цените на нафтата паднаа под 80 долари на меѓународните пазари бидејќи трговците беа загрижени од силното зголемување на залихите во САД, што ги надополни проценките за слабата побарувачка во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот  утрово изнесува 77,45 долари, а барелот  на американскиот пазар се лизна на 72,99 долари.

Трговците беа загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите.

Производството остана на рекордни 13,2 милиони барели дневно.

Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамаш Варга од PVM.