Паднаа цените на нафтата

15

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,20 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,40 на 151,97 јени, што е највисоко ниво во последните 34 години.

На тие нивоа, јапонската централна банка интервенираше во изминатите години.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0825 долари, додека вчера во ова време беше 1,0840 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,94 отсто, на 85,45 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,86 отсто, на 80,90 долари.