Паднаа цените на златото и нафтата

17

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан и пад на цената на златото и нафтата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 17.932,86 поени, додека лондонски FTSE 100 порасна на 7.729,08 поени, францускиот CAC 40 на 8.152,33 поени, а московскиот MOEX на 3.297 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.790,43 поени, S&P 500 на 5.149,42 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.103,45 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 82.488 долари, а на нафтата „брент“ на 86.657 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 29.010 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.155,43 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата порасна на 5,4341 долар за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08540, што е приближно исто како и во понеделникот.