Падот на цената на кафето ги принуди Перуанците да садат нешто друго

35

Падот на цената на кафето на светските пазари ги принуди перуанските фармери да одгледуваат кока, растение од коешто се прави кокаинот. Се покажало дека тоа ќе им донесе поголема заработка, но и но проблеми со законот.

Бидејќи од кафето не заработуваат доволно, перуанските земјоделци почнале масовно да садат кока. Според официјалните проценки на сајтот The Conversation, скоро 55.000 хектари земјиште се под оваа култура, што е доволно за производство на 500 тони кокаин годишно.

Но, се испоставило дека ниту со ова растение земјоделците немале многу среќа, бидејќи пандемијата ја отежна дистрибуцијата на дрога, но и ја намали нејзината побарувачка. Бидејќи ноќните клубови во изминатата година слабо работеле, но откажани беа и бројни концерти и настани, многу рекреативци го исфрлија кокаинот од употреба, поради што цената на листовите кока во 2020 година се намали за 23% во споредба со 2019 година. Сепак и во таква ситуација, коката на производителите им донесе поголема вредност одошто кафето.

Пред 10 години, килограм кафе се продаваше по цена од 2,7 долари, но поради ширење на штетници многу плантажи се уништени, квалитетот на финалниот производ се намали и покрај напорите на државните банки што на Перуанците им нудат поволни заеми за производство на кафе, со што цената му се намали за 0,60 долари за килограм.

Фото: Freepik