
На европските берзи во вторник наутро, берзанските индекси пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од падот на цените на нафтата, но тргувањето е претпазливо бидејќи технолошкиот сектор е под притисок.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,5 проценти во 9:30 часот наутро, добивајќи сила втор ден по ред.
Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,96 проценти, на 10.757 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 0,22 проценти, на 25.330 поени, а парискиот CAC за 0,46 проценти, на 7.869 поени.
Инвеститорите беа охрабрени од падот на цените на нафтата за повеќе од 1,3 проценти, бидејќи се очекува поголема понуда на дизел на светскиот пазар по договорот меѓу Вашингтон и Москва за ублажување на санкциите на САД врз извозот на руски горива.
Затоа, тензиите на Блискиот Исток во моментов се ставени на втор план.
Но, ce тргува внимателно бидејќи технолошкиот сектор е под притисок. Цените на акциите на ASML, STMicroelectronics, BE Semiconductor и Infineon паднаа помеѓу 3 и 5 проценти.












