Падот на доларот ги стабилизираше нафтените пазари

21

nafta

Цената на нафтата вчера на светските берзи се стабилизираше над 48 долари за барел, поттикната од ослабнатиот долар кој ја зајакна куповната моќ на оние што поседуваат останати валути.

На лондонската берза со барелот се тргува по 22 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 48,38 долари. На американската берза цената на барелот остана речиси непроменета и изнесуваше 45,25 долари, јавува Макфакс.

Еврото вчера зајакна кон доларот, издигнувајќи се од најниското ниво кон американската валута за последните 11 години, под влијание на очекувањата дека американската централна банка ќе ја одложи одлуката за кревање на каматните стапки.

Дополнителна поддршка на нафтените пазари пружи и изјавата на генералниот секретар на OPEC Абдулах ал-Бадри дека цената на нафтата можеби го допре дното и дека би можела да скокне и до 200 долари за барел, доколку инвесициите во нови производни капацитети бидат прениски.