Падот на залихите ја зголеми цената на нафтата

27

Цените на нафтата забележаа пораст на меѓународните пазари, поттикнати од падот на залихите кај најголемиот светски купувач на нафта, САД, на најниско ниво од јануари минатата година.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се зголеми за 17 центи и изнесуваше 74,91 долар, а за истиот износ се зголемила и на американскиот пазар на 72,56 долари.

Цените на нафтата во Лондон во јуни за првпат по повеќе од две години достигна ниво од 75 долари за барел, но во текот на јули се намалија поради стравот од забрзано ширење на делта сојот и компромисниот договор на водечките производители на нафта да ја зголемат понудата.

Залихите на сирова нафта се намалија за 4,1 милиони барели за една недела, со што помогнаа во пад на увозот и неделното производството.

Економското закрепнување на САД е на добар пат и покрај порастот на бројот на заразени.

Фото: Pexels