Паѓа цената на станови во Бугарија и во Хрватска

106

zagrebПросечната цена на становите во Бугарија, не сметајќи ги цените во новоградба, како ни луксузните објекти, опадна за 1,4% во 2012 на годишно ниво и се стабилизира на 447 евра за метар квадратен.

Цените на становите минатата година паднаа во 23 од вкупно 28 региони, а и понатаму се најскапи во бугарската престолнина. Просечната цена на стан во Софија изнесува 738 евра за метар квадратен, а веднаш по неа се Варна со 732 и Бургас 583 евра за метар квадратен.

Пад на цените на недвижнини е забележан и во Хрватска, а очекувањата се дека овој тренд ќе продолжи и во 2013 година.

Минатата година, на најголемиот и најдинамичен пазар, загрепскиот, понудата и побарувачката за станови паднаа во просек за 10%. Состојбата на пазарот за недвижнини е уште полоша во Сплит и Далмација, каде што е забележан голем пад на побарувачката, цената и на бројот на извршени купопродажби, во просек за 20%.