Во третиот квартал од оваа година, цените на становите во Бугарија се намалени за просечно 2,2% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците објавени од Националниот институт за статистика (НСИ).
Во однос на вториот квартал, цените се паднати во просек за 0,5%.
Во третиот квартал, пад на цените на становите е забележан во 17 градови. Најголем пад има во Ќустендил, 3,5%, Монтана 3,4% и Пазарџик 2,7%. Во Софија цената е пониска за 0,2%.
Просечната цена на становите во Бугарија во третиот квартал е 450,5 евра за метар квадратен. Највисока цена држи престолнината Софија, 740 евра за метар квадратен, потоа следува Варна со 730 евра и Бургас со 581 евра за метар квадратен.