Паѓаат цените на златото и пченицата

11

Европските берзански индекси денеска се главно во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата.

Американската централна банка ФЕД вечерва во 19 часот ќе ја објави својата одлука за референтните каматни стапки, што секако ќе влијае на движењата на берзите, пренесува Танјуг.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 17.975,25 поени, лондонски FTSE 100 на 7.732,04 поени, францускиот CAC 40 на 8.141,15 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.278,79 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.110,76 поени, индексот S&P 500 на 5.178,51 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.166,79 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 82.109 долари, а на нафтата „брент“ на 86.883 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 28.780 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.155,04 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4767 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08592, што е приближно исто како во вторникот.