Пакети храна за 30 социјални семејства од Лајонс клуб Св. Пантелејмон

74

Лајонс клубот Св. Пантелејмон организира хуманитарна акција во која ќе подели 30 пакети со храна на семејства од ранливите категории. Изборот на семејствата ќе го изврши Центарот за социјални работи – Скопје, каде и ќе бидат предадени пакетите со храна.
Од Лајонс клубот соопштуваат дека приоритет за оваа година им се семејства кои имаат деца со телесни и ментални недостатоци.
Пакетите содржат месни, млечни и слатки производи, како и брашно и други прехранбени производи донирани од компаниите МИК Свети Николе, Фитко, Еуромилк, Европа и Глоубс.