Пакомак доби нова петгодишна дозвола за работа

58

pakomak

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно ја оцени апликацијата на Пакомак за продолжување на дозволата за работа за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата Пакомак и на 12-ти ноември 2015 година и официјално ја продолжи дозволата на Пакомак за следните пет години.

“Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години пред сè на инвестициите во инфраструктура (контејнери и канти за собирање на отпад од пакување) како и на бројните едукативни кампањи за подигнување на јавната свест на населението. Во моментов Пакомак има склучено договори со компаниите коишто создаваат 42% од вкупниот отпад од пакување во Македонија, има договори со 16 општини од Република Македонија за организирано одделно собирање на отпадот од пакување и е единствена компанија од Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот Green Dot. Пакомак оваа година доби и национална награда за општествено одговорни практики од Министерството за економија на РМ“, се вели во соопштението на Пакомак.

Во досегашново петгодишно работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија над вкупно 49.000 тони амбалажен отпад, којшто се состои од: хартија, пластика, стакло (кое досега никој не го собираше, ниту локалните компании имаат капацитет за рециклирање), како и композит, метал и дрво.

Националните цели за собран и рециклиран отпад од пакување во следниве пет години се зголемуваат од година во година, така што за следните пет години од компанијата очекуваат оваа бројка да биде најмалку двојно зголемена. Пакомак е прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во Македонија, единствена компанија со остварени национални цели четири години по ред.

“Пакомак уште со самиот почеток на своето работење го прифати предизвикот за зачувување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижи и да ја сочува природата и околината за следните генерации. Исполнувањето на националните цели и продолжување на дозволата за работа претставува голема сигурност за сите наши клиенти и потврда дека сме на добар пат. И натаму ќе продолжиме со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, во интензивирање на соработката со локалните самоуправи и на различни локации за почеток да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, а ќе продолжиме и соедукативи кампањи во кои ќе вклучиме различни возрасни категории. Како и многупати досега, уште еднаш сакам да ја истакнам улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно во одделна кеса да ги селектираат пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние место каде нив ги има. Бидејќи на тој начин сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почваˮ, изјави Филип Ивановски директор на Пакомак.

Најголемите македонски компании кои се здружени во системот за управување со амбалажен отпад на Пакомак создаваат 42.008 тони амбалажа. За истакнување е донацијата на камиони за собирање отпад во Тетово и Скопје, донација на 80 сета од по три пластични контејнери, во форма на ѕвоно на ЈП Комунална хигиена како и голем број на други амбалажни контејнери во голем број други општини, со кои значајно се подобри комуналната инфраструктура. Успешно се реализира и проектот „Рециклирање?! – Кажи да!“ кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје во кој над 31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата и секоја година добиваат донации за својата посветеност.

Пакомак е компанија основана од 11 водечки производствени компании во Македонија (Пивара Скопје АД Скопје, Прилепска Пиварница АД Прилеп, Витаминка АД Прилеп, Пелистерка ДОО Скопје, Магрони ДОО Скопје, Кодинг Дооел Кавадарци, Кожуфчанка ДОО Кавадарци, Вивакс Дооел Скопје, Благој Ѓорев АД Велес, ВВ Тиквеш АД, ВВ Стоби АД). Компанијата Пакомак е прва во Македонија која од Министерството за животна средина и просторно планирање доби дозвола за  селекција и преработка на отпадот од амбалажи. Намалување на дивите депонии, продолжување на животниот век на постоечките депонии, рециклирање на над 60% од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување е крајна цел на Пакомак.