Пакомак ги награди најдобро раскажаните приказни од амбалажен отпад

16

1

Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди.

Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

Наградите беа доделени во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко, додека во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ Браќа Миладиновци од Скопје. Во категоријата на градинки, првата награда и припадна на ЈОУДГ Борис Трајковски од Демир Капија.

2

“Овој уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново нé импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите. Има навистина многу еколошки ангажирани уметници и креативци, училишта и градинки кои и оваа година осмислија добра приказна и освоија супер награди. Им честитам на добитниците и на сите финалисти, а ги повикувам сите останати да се инспирираат од нивните дела кои се веќе изложени во Веро-центарот”, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

3

Конкурсот како и секоја година се фокусираше на намалување на користењето, повторно искористување и рециклирање на амбалажниот отпад низ процес на креирање од кој низ годините произлегоа проникливи уметнички дела кои провејуваат со досетливост, креативност и вештина во изработката.

Повеќе информации во врска со резултатите од конкурсот и наградените поединци, училишта и градинки можете да најдете на веб страната: www.pakomak.com.mk.

4

5

6

7