Познатите италијански чоколадни бонбони Ferrero Rocher имаат божикно пакување што најмалку може да се рециклира, пишува британски Телеграф.
Дури 89% од 359-грамското пакување на овие познати бонбони завршуваат на депонија, бидејќи се направени од пластика и фолија што не се разградува.
Единствен дел од популарните чоколадни бонбони со лешник што може да се рециклираат се хартиениот и пластичниот дел во којшто се спакувани бонбоните.
Истражувањето покажува дека постојат божикни пакувања на чоколади што може да се рециклираат. На пример, 240-грамското пакување на Christmas chocolate favourites се рециклира дури 96,3%, а потоа е Cabury milk tray, што има 92,5% лесно разградување.
“Пакувањето што го користиме е внимателно дизајнирано за да ја задржи свежината и квалитетот на производите што го носат знакот Ferrero. Станува збор за деликатни производи чие пакување е од фундаментално значење за заштита на нашите чоколади од штета за време на транспортот, во продавниците и во домашни услови“, вели портпаролот на Ferrero.