Италијански архитекти дизајнираа зграда, Palazzo Italia, чија фасада освен стандардните својства за заштита, ќе има за цел да го пречистува воздухот.
Проектот е на архитектонската компанија од Рим, Nemesi & Partners, во соработка со Proger и BMS Project.
За изградбата на оваа зграда архитектите ќе користат специјален цемент, патентиран од компанијата Italcementi.
Револуционерната и еколошка зграда ќе биде дел од светската изложба на саемот во Милано, Milan Expo 2015, што ќе се одржи од мај до октомври следната година.
Честичките од цемент што ја прекриваат Palazzo Italia, штом дојдат во допир со загаден воздух, истиот веднаш го прочистуваат. На зградата ќе има покрив изграден од челични греди и фотоволтажни стаклени панели.