Фото: Kickstarter
Pälemer е компанија што создава облека изработена од рециклирани пластични кеси. Главна суровина за изработка на облеката се искористени пластични кеси, што најчесто се користат во супермаркетите.
Во понудата се наоѓаат два вида на јакни: зимска јакна што е изработена од околу 214 искористени пластични кеси, додека за јакната за заштита од ветер се употребени 90 рециклирани пластични кеси.
Pälemer, исто така, изработува и ранец за книги којшто содржи околу 80 пластични кеси.
Зад овој иновативен и еколошки старт – ап стои американската дизајнерка Триша Чинеј, којашто на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, бара поддршка од 2.650 долари.