Palmleather – кожа од растително потекло

55

Фото: STV

Холандскиот дизајнер Тјерд Винховен креираше кожа од растително потекло како алтернатива за животинската кожа, пластиката и гумата.

За да ја создаде Palmleather, тој користел листови од палма и процес на изработка што за прв пат го направил пред осум години.

Комбинацијата од која што ја прави веганската кожа е сосема безбедна за луѓето, животните и природата. Од листовите изработува разни “кожни“ навлаки за книги, столчиња, ги користи за изработка на килими, чанти, футроли за телефони, па дури и чевли.

Материјалот се моделира со традиционални машини, а студиото во целост за залага за што поголемо искористување на природни, односно растителни влакна во производството.