Тим на експерти од Холандија пред три години го претстави биолошкиот бетон што сам може да се поправа. Оваа година е изведен првиот објект од овој материјал, што ја покажува неговата способност, пишува CNN.
Овој био – бетон се прави од стандарден агрегат и цемент, којшто се меша со бактерии и ампули, кои во себе содржат калциум лактат. Штом се создадат пукнатини, водата продира во внатрешноста на бетонот и се активираат бактериите. Производ од оваа реакција е калцит – состојка на варот, кој се насобира во пукнатините и на тој начин ги пополнува.
Првиот објект што е изграден од овој бетон е куќа за спасување покрај езеро. Внимателно било следено создавањето на малите пукнатини на фасадата и како бактериите го создаваат калцитот, којшто ги пополнува празнините.