Паметен фластер што затвора рани без шиење

390

rana

Фото: KitoTech Medical

Старт – ап компанијата KitoTech Medical од Сиетл направи медицински уред што може да затвора рани без шиење.

MicroMend се поставува на раната како фластер и како хефталка ја спојува раната без да ја оштети кожата. Паметниот фластер спречува инфекции и воспаленија бидејќи може да го покрие секој дел од раната и дополнително да го заштити.

Минијатурните иглички коишто ги содржи фластерот се доволно мали за пациентите да ги опишат како безболни.

Клиничките испитувања покажале одлични резултати од фластерот што им помогнал на пациентите побрзо да закрепнат со помалку лузни. Дејството на microMend е три пати побрзо од стандардното шиење на рана и во 90% од случаите пациентите го избираат паметниот фластер, пишува Geek.