Паметен канцелариски мебел ќе ја мери ефикасноста на работникот

47

chair-1866784_960_720Фото: Pixabay

Работните бироа во иднина ќе ги знаат навиките на работникот. Пристигнува нов, паметен канцелариски мебел којшто ќе мери колку седи работникот, го користи глувчето од компјутерот, колку кликнува, а за сето тоа ќе го информира претпоставениот, пишува MSN.

Опремени со сензори коишто мерат колку работникот седи на столот, столиците и масите ќе вибрираат и ќе го тераат да стане и прошета. Паметното биро ќе мери кои типки на тастатурата работникот најмногу ги користи, колку пати кликнал на глувчето и ќе ја мери неговата ефикасноста.

“Во фаза сме на собирање на податоци за своите вработени“, вели директорот за ергономија на факултетот од Тексас, A&M Марк Бенден. На факултетот се тестираат бироа чијашто вредност се проценува на 10.000 долари. Паметните бироа се опремени со 120 различни сензори.

“Сите кои работат на вакви бироа поминуваат низ необично искуство. Многумина се прашуваат дали ќе добијат отказ“, вели Бенден.

Компанијата којашто се занимава со производство на мебел Herman Miller, иднината ја гледа во паметниот канцелариски мебел.

“Со вградување и развој на сензори во канцеларискиот мебел се занимаваме од 1999 година. Нè интересира на каков начин технологијата базирана на сензори може да резултира со подобрување на условите за работа“, вели директорот на одделот за развој на компанијата, Рајан Андерсон.