Паметна алка што алармира во случај на напад

25

 Фото: Youtube

Џаин Петел од Универзитетот Alabama во Бирмингем создаде паметна алка што алармира во случај кога тој што ја носи е нападнат, објави New Atlas.

Оваа паметна алка, наречена Smart Jewelry Bracelet, е најголем изум досега од овој тип на аларми, ако се има во предвид дека кај постоечките слични уреди коишто алармираат треба да се стисне копче за алармот да се вклучи.

Алката на Пател е моментално прототип и поседува сензори што препознаваат напад врз оној кој ја носи. Сензорите веднаш испуштаат сигнали, благодарение на претходно собрани и препознаени податоци од вообичаените движења, емоции и слично. Во случај на напад, сензорите ги препознаваат реакциите, наглите, движења на тој што ја носи и емитираат гласен звук. Освен звукот алката има и црвените LED диоди што светат и ја алармираат околината за нападнатото лице.

Исто така, паметната алка преку Bluetooth може да се поврзе со паметен телефон и во случај на напад автоматски испраќа порака на полиција и на сите претходно селектирани контакти од телефонот. По пат на GPS, тие ќе бидат информирани за локацијата на нападнатиот.

Изработката на прототипот чини само 40 долари, а се претпоставува дека може да чини и поевтино доколку се произведува во големи количини.

Пател сака истата технологија да ја прилагоди и на други предмети, како на пример на обетки или чевли, коишто многу би помогнале во случај на незгода на повозрасни или лица со инвалидитет.