Паметна амбалажа што менува боја ако производот е расипан

107

sise5

Фото: YouTube

Бразилската петрохемиска компанија Braskem, во партнерство со американскиот Clemson University и бразилскиот Rio Grande do Sul Federal University, направија паметна амбалажа што детектира расипана храна. Амбалажата содржи pH индикатори коишто ќе влијаат на промена на бојата на пакувањето ако производот е расипан. Оваа технологија може да се користи за пакување на намирници коишто лесно се расипуваат, пишува Press Ideas.

“Амбалажата им дава поголема сигурност на потрошувачите за квалитетот на производите коишто ги купуваат, а истовремено им овозможува на компаниите да го контролираат производот по производството, за време на транспорт или на полиците во маркетите“, вели директорот за технологии и иновации на Braskem, Патрик Тејсониер.

Иновацијата, покрај тоа што ќе им помогне на потрошувачите да не купуваат храна на која и поминал рокот, ќе овозможи и намалување на количината на фрлена храна.

Braskem почна да ја развива оваа технологија во 2013 година и создаде прототип во 2015 година. Но, како што вели Тејсониер, потребни се уште истражувања и ќе поминат уште неколку години кога оваа амбалажа ќе биде комерцијализирана.