Фото: Kickstarter
Старт – ап компанијата од Лос Анџелес, Mode Modern дизајнира паметна перница опремена со различни сензори.
Sunrise Smart Pillow е направена од мемориска пена, а содржи жироскоп, брзинометар, LED сијалици, Bluetooth, микрофон и звучници, пишува CNET.
Перницата ги следи движењата на корисникот со помош на сензорите, а LED сијалиците ја менуваат бојата и помагаат при будењето. Преку вградените звучници може да се слушаат звуци од природата за релаксирање, но и музика за будење. Перницата се поврзува со паметен телефон преку инсталирана апликација.
Sunrise Smart Pillow е во фаза на прототип и е поставена на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде досега има собрано над 465.685 долари од потребните 50.000 долари.