Паметна заштитна маска што штити од вируси и не ја ограничува комуникацијата

67

Познатиот производител на гејминг производи Razer, на годинашниот виртуелен саем за електроника CES претстави еден производ којшто нема многу врска со видеоигри.

Razer го претстави прототипот на заштитна маска наречена Project Hazel, која користи и некои од технолошките решенија кои се користат кај гејминг хардверот, како што е системот за проток на воздух и ладењето на компонентите. Маската запира 95% од бактериите и вирусите, овозможува непречен проток на воздух и нормален говор.

Ова е “најпаметната маска на светот“, барем така тврди добро познатиот производител на компјутерски периферни уреди наменети за гејмерите на Razer.

Проектот Hazel во основа е професионална заштитна маска од категоријата N-95 и поседува вентилатор кој управува со протокот на воздухот, додека истовремено филтрира 95% од бактериите, вирусите и опасните честички. Вентилаторот може да се извади од маската и да се полни.

При развојот на маската Razer водел сметка за тоа гласот на корисникот да не се изобличува како што е случај со обичните маски, па затоа во маската ја вградил технологијата VoiceAmp, за која поднел барање за патентирање.

Во Razer мислеле и на оние кои не слушаат, туку читаат од усни, па во маската е вградено LED осветлување, што ги прави усните видливи дури и при слаба осветленост.

За “удобноста“ на маската се погрижија силиконските ленти на рабовите, кои се запечатени, така што ништо не може да влезе или излезе низ маската без да помине низ филтерот.