Паметни налепници детектираат расипана храна

18

hrana

Фото: Pexels

Научници од Универзитетот Кларксон во Њујорк создадоа мали хартиени сензори коишто можат да откријат кога храната не е безбедна за јадење, пишува iNews.

“Хартијата ја менува бојата кога ќе дојде во контакт со расипана храна, а интензитетот на промена на бојата укажува на тоа колку е храната расипана. Идните верзии на налепници може да се развиваат во насока да идентификуваат потенцијално опасни бактерии, вклучувајќи салмонела и Ешерихија коли“, вели раководителот на тимот, Силвана Андреску.

Употребата на овие налепници може да придонесе во намалување на бројот на фрлена храна поради истекување на рокот. Просечно британско семејство секоја година фрла храна чија вредност достигнува 700 фунти годишно.

Сензорите, исто така, би можеле да се користат во козметичката индустрија со цел да ги предупредат потрошувачите кога производот не е безбеден за употреба.